Македонија Денеска 319 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Денеска 319 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни случаи (319), регистрирани се 59 реинфекции со ковид-19.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 258 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од: Скопје (66г), починато во болнички услови кое имало коморбидитет.

Досега во земјава се направени вкупно 1.944.313 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 1.973.