Македонија Денеска 262 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Денеска 262 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 138, Битола – 25 и Кавадарци – 17. Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции од ковид-19.

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови, кај кое што е регистриран коморбидитет.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 326 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 1.770.