Здравје Денеска 222 нови случаи на ковид-19, пријавени се 8 починати лица

Денеска 222 нови случаи на ковид-19, пријавени се 8 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 954 тестови, а регистрирани се 222 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје: 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13 и Прилеп – 12, додека во останатите градови се регистрирани под 10 нови случаи.

Од вкупниот број на позитивни (222), регистрирана е 41 реинфекција со ковид-19.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 268 оздравени пациенти од ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица, од Скопје (79г) и Кичево (83г) во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 6 починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години во периодот од 11.08. до 28.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.660.