Здравје Денеска 202 нови случаи на ковид-19, пријавени се 2 починати лица

Денеска 202 нови случаи на ковид-19, пријавени се 2 починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 117, Битола – 24 и Кавадарци – 15. Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (202), регистрирани се 35 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови, а кај нив биле регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 201 оздравен пациент од ковид-19 во земјава.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.534.