Македонија Денеска 12 починати од ковид-19, нови 1.172 заболени лица, од кои 145...

Денеска 12 починати од ковид-19, нови 1.172 заболени лица, од кои 145 се реинфекции

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 629, Битола – 109 и Куманово – 64.

Од вкупниот број на позитивни случаи (1.172), регистрирани се 145 реинфекции односно лица што повторно го прележуваат ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 553 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 19.104.