Македонија Денес се регистрирани 188 нови позитивни случаи на ковид-19, починаа 3 лица

Денес се регистрирани 188 нови позитивни случаи на ковид-19, починаа 3 лица

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.245 тестови, а регистрирани се 188 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 123, Битола – 18, Кавадарци – 10, Прилеп – 6, Куманово – 5, Штип и Делчево – по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 119 оздравени пациенти и 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Бројот на активни случаи изнесува 2.041.