Македонија Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“.

Пред тоа, на пат кон Собранието, демонстрантите повторно ја обоија зградата на Министерството за правда.

Инаку, денеска демонстрантите носеа кукли облечени во затворски облеки. На главите на куклите беа ставени ликови на политичарите кои се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов за можни кривични дела што се водат во Специјалното јавно обвинителство.