Галерија Демонстрантите седнаа пред Собранието, ја пеат химната и палат свеќи

Демонстрантите седнаа пред Собранието, ја пеат химната и палат свеќи

Демонстрантите стигнаа пред Собранието на Република Македонија. Тие седнаа на улицата и ја пееја химната на Македонија и запалија свеќи.

Групата извикува „уа, уа“, „оставка, оставка“ и „готово е Никола“.

Насобраните со едноминутно молчење, истовремено со оние кои протестираат во Битола и во Прилеп, му одадоа почит на убиениот Нешковски.

Забележително е големо присуство на полицијата, а блокирани се приодите на улицата која води кон Бит-пазар.

Демонстрантите, иако беше планирано да протестираат пред Владата, поради блокадата, се упатија кон Собранието.