Дописници Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово

Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово

Утринава околу 5.50 часот демолирана е народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Тетово.

Според Секторот за внатрешни работи Тетово, непознати сторители фрлиле тврди предмети кон изложните стакла и кон вратата на канцеларијата, која се наоѓа на улицата Борис Кидрич, во центарот на градот.

Како што информираат од полицијата, биле фрлени и неколку јајца во внатрешноста на објектот.

Екипи на полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото.

Во средата минатата недела беше демолирана народната канцеларија на Иванов во Скопје, за време на протестот против неговата одлука за аболиција на политичари и нивни соработници против кои се водат кривични постапки.