Македонија Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“.

Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.