Македонија Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

Делегација на МВР оддаде почит на пилотите што загинаа кај Струмица

Делегација на Министерството за внатрешни работи, денеска оддаде почит на загинатите пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков на спомен-обележјето во аеродромската база Брест во Петровец, соопштија од МВР.

Делегацијата на МВР била придружувана од семејствата на трагично загинатите пилоти.

Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година кај Струмица.