Свет Европа Дел од Лондон под полициска блокада

Дел од Лондон под полициска блокада

Лондонската полиција целосно ја блокирала улицата Блекфрајарс, откако запрела комби и уапсила тројца мажи.

Засега не се откриваат причините зошто комбито било запрено, но сообраќајот во овој јужен дел од градот и понатаму е блокиран. Локалните медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа најмалку едно возило на итната помош, а полициски хеликоптер го надлетува овој дел од градот.

Полициската акција доаѓа во исто време кога Брисел го зголеми степенот на опасност од терористички напади и распореди војска и полиција на плоштадите, трговските центри и во и околу сообраќајните инфраструктури објекти.