Хроника Дебранин фатен со 1,5 килограм марихуана

Дебранин фатен со 1,5 килограм марихуана

Триесет и четиригодишен дебранин е осомничен за трговија со дрога, откако пред четири дена бил затекнат од полицијата со 1,5 килограм марихуана, информираат од МВР.

Дебарската полиција, против Б.Р. поднела кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор.

Според полициските информации, дебранинот бил приведен на местото Муслимански гробишта, на регионалниот пат кај граничниот премин Блато, кога полицијата кај него нашла најлонска кеса со марихуана, со вкупна нето-маса од 1.575,9 грама.