Дописници Дебранец си ја обљубил 14-годишната ќерка

Дебранец си ја обљубил 14-годишната ќерка

Полициската станица Дебар му поднесе кривична пријава на 48-годишниот жител на овој град, поради постоење основи за сомневање дека сторил родосквернавење.

Основниот суд од Гостивар му определи мерка притвор до 48 часа и е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор“-Скопје.

Пријавениот на 6 декември, во својот дом, извршил обљуба врз својата 14-годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден.

Веднаш по добивањето на пријавата, известен е Центарот за социјални работи од Дебар.

Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејства се случиле повеќепати и почнале пред три и пол месеци.

По наредба на јавен обвинител од Гостивар, извршен е здравствен преглед на оштетената.

Пријавениот е и претходно познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за насилство, предизвикување општа опасност, измама и за фалсификување исправи.