Дванаесетгодишна штипјанка пријавена за исчезната
јануари 8, 2015
Утрово во штипската полиција, родител ја пријавил својата малолетна ќерка за исчезната, информираат од МВР. Според полицијата, Д.М. (43) пријавил дека вчера, околу 14 часот, неговата дванаесетгодишна ќерка заминала во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.