Свет Европа Данската влада финансиски помагала борци на ИСИС

Данската влада финансиски помагала борци на ИСИС

Уапсените се товарат за врбување малди лица за приклучување кон радикалните движења во Сирија

Повеќе од дваесетина џихадисти добиваат надоместоци од данската влада како финансиска помош за невработени, додека се борат за Исламската држава во Сирија, објавија локалните дански медиуми, повикувајќи се на дански безбедносни служби.

Според медиумите, од 28 Данци идентификувани од страна на националните безбедносни служби, за 15 е докажано дека земале финансиска помош, за осум лица сè уште е во тек истрагата, а за петмина немало доволно докази.