Македонија Данела Арсовска ја презеде градоначалничката функција од Петре Шилегов

Данела Арсовска ја презеде градоначалничката функција од Петре Шилегов

Фото: ПР на Данела Арсовска

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник при што победничката кандидатка Данела Арсовска ја презеде функцијата од Петре Шилегов. Таа ќе биде првата жена која ќе раководи со главниот град од осамостојувањето до денес, како и прва градоначалничка по 73 години откако Вера Ацева била избрана на оваа функција во далечната 1948 година.

Арсовска на првиот работен ден не сакаше да дава изјава за медиумите најавувајќи дека во среда ќе одржи брифинг со новинарите.

Досегашниот градоначалник Петре Шилегов рече дека има сериозно професионална екипа во Градот Скопје, но и дека останува изборот на Арсовска дека тоа што е започнато ќе продолжи да се спроведува.

На локалните избори, во вториот круг што се одржа на 31 октомври, Данела Арсовска како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ победи со 28.130 гласа повеќе во однос на досегашниот градоначалник Петре Шилегов.