Свет Балкан Дачиќ: Разочаран сум од ставот на Црна Гора и на Македонија

Дачиќ: Разочаран сум од ставот на Црна Гора и на Македонија

Разочаран сум од ставот на Црна Гора и на Македонија, кои при гласањето во извршниот совет на УНЕСКО се изјаснија за препораката за прием на Косово во организацијата, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во утринската програма на телевизија „Пинк“.

– Тоа е нешто што сигурно ќе мораме да го поставиме како прашање во односите со нив – рече тој.

Дачиќ посочи и дека како што некој се однесува кон интересите на Србија, така и Србија ќе се однесува кон неговите интереси.

– Не верувам дека ние ќе гласаме за нивните работи на меѓународен план – додаде Дачиќ.