Македонија Дачиќ: Кризата во Македонија е регионален проблем

Дачиќ: Кризата во Македонија е регионален проблем

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека политичката криза во Македонија не е само локален, туку и регионален проблем и дека меѓународната заедница не интервенирала за да дојде до компромис туку за да се прифати една опција.

– Ситуацијата не е добра. Србија ќе помогне колку што може, но ние можеме само да апелираме за мир и за смирување на ситуацијата зашто без тоа, ќе биде загрозена стабилноста на регионот – рече Дачиќ за РТС.

Запрашан дали македонската криза може да се прелие во Србија и во регионот, Дачиќ рече дека во Србија би била слична ситуацијата како во Македонија доколку некој друг би бил на власт.

– Затоа ние ја презедовме одговорноста да бидеме стожер на стабилноста во регионот – рече Дачиќ.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа по повод случувањата во Македонија, апелираше за смирување на ситуацијата и за решавање на проблемот на мирен начин, а за денеска закажа седница на Бирото за координација на службите за безбедност.