Македонија Членовите на централното претседателство на ДУИ пристигнаа во штабот во Мала Речица

Членовите на централното претседателство на ДУИ пристигнаа во штабот во Мала Речица

Тројцата потпретседатели на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, и други функционери пристигнаа во седиштето на партијата во Мала Речица, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го свика централното претседателство на партијата за денеска во 17.30 часот.

Арифи, Бејта и Меџити треба да реферираат за текот на разговорите со работниот тим на СДСМ.

Во секој момент се очекува да пристигне и Ахмети, кој го свика состанокот по синоќешната средба со лидерот на СДСМ,  Зоран Заев.

Заев по тричасовната средба синоќа изјави дека двете партии се блиску до договор и оти на средбата било разговарано за уставноста на предложените решенија.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, рече дека на средбата со Заев не било разговарано за потписите за добивање мандат и дека немаат големи разлики со СДСМ околу предлогот за употребата на албанскиот јазик.