Македонија Чичаковски: Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици

Чичаковски: Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици

„Собранието не собра сили да направи баланс во изборните единици. Нееднаквоста во бројот на запишани избирачи по изборни единици може да го загрози еднаквото право на глас, но тоа треба да го оцени Уставниот суд. Ние ќе го спроведеме законот“, вели претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.

– ДИК неколкупати, при редовното ажурирање на избирачкиот список и утврдување на овој проблем, соодветно го адресира кај овие два надлежни органи. Точно е дека Собранието, пред распишување на изборите, не смогна сили да го адресира овој проблем и да направи баланс во изборните единици. Јас од тие причини, пред распишување на изборите, и самиот кажав дека нееднаквоста во бројот на запишани избирачи по изборни единици може да го загрози еднаквото право на глас. Во таа смисла беа поведени и неколку иницијативи пред Уставниот суд за да биде оценета уставноста на ова законско решение – вели меѓудругото Чичаковски во интервјуто.