Економија Четврта недела по ред паѓа вредноста на доларот

Четврта недела по ред паѓа вредноста на доларот

Инвеститорите веруваат дека американската централна банка (ФЕД) наскоро ќе стави крај на циклусот зголемувања на каматните стапки

На глобалните пазари, вредноста на доларот повторно паѓа, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека Американската централна банка (ФЕД) наскоро ќе стави крај на циклусот зголемувања на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се „лизна“ за 0,5 отсто, на 102,09 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,6 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0905 долари.

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека растот на американската економија постепено забавува, дека инфлаторните притисоци се намалуваат, дека потрошувачката полека слабее и дека пазарот на труд постепено се „лади“. Tоа би значело дека ФЕД наскоро би можел да го заврши својот циклус на затегнување на монетарната политика.

Во петокот беше објавен извештајот за вработување во САД, според кој бројот на вработени се зголемил за 236.000, што е значителна бројка од пред еден месец, а во согласност со очекувањата на аналитичарите. Стапката на невработеност паднала од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите оди со поспоро темпо, втор месец по ред.

Минатата недела еврото зајакна во однос на доларот и ова се случува шеста недела по ред, бидејќи разликата меѓу каматните стапки во САД и еврозоната се очекува да се намали оваа година. Толку долг период на пораст на еврото не е забележан од 2020 година.