Свет Балкан Четворица загинати во земјотрес во БИХ

Четворица загинати во земјотрес во БИХ

Умерено силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодил Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина, соопштил Сеизмолошкиот институт во Бања Лука.

Во земјотресот има настрадани. Како што јавува „Дневни аваз“, поради лизгање на земјиштето животот го загубиле четири лица. Според првичните информации, тие нелегално ископувале јаглен на самата површина на рудникот Дубрава кај Тузла, кога дошло до одрон кој ги затрупал.

Спасувачки екипи со механизација се обидуваат да дојдат до телата на загинатите.