Свет Европа Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

Четворица загинати во судир во воздух на хеликоптер и авион во Германија

Во страотна воздухопловна несреќа што се случи во Германија, кога во градот Филипсбург се судриле хеликоптер за итна помош и мал авион, четири лица ги загубиле животите.

Несреќата се случила денеска во регионот Карлсруе во покраината Баден-Виртемберг, во близина на нуклеарна централа, а причините за судирот во воздух засега се непознати.