Свет Свет Четворица загинати и 11 повредени во бомбашки напад во Авганистан

Четворица загинати и 11 повредени во бомбашки напад во Авганистан

Најмалку четири припадници на безбедносните сили загинаа во самоубиствен напад на воено возило во Кабул, потврдија денеска авганистанските претставници.

Во нападот, кој се случил во областа Пули Мохмуд Кан, во близина на авганистанското министерство за одбрана, повредени се 11 лица.

Засега не се знае дали напаѓачот пеш им се приближил на војниците или со мотоцикл.

Никој не ја презел одговорноста за нападот, но талибанците често напаѓаат припадници на безбедносните сили во Авганистан.