Видео Четворица убиени во престрелка во трговски центар во САД

Четворица убиени во престрелка во трговски центар во САД

Четири лица се убиени, а едно е потешко повредено во престрелка во трговски центар во градот Бурлингтон, во американската сојузна држава Вашингтон.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил синоќа во трговскиот центар „Каскејд“ во Бурлингтон, кој се наоѓа на околу 105 километри северно од Сиетл.

– Полицијата активно трага по напаѓачот, маж од јужноамериканско потекло, облечен во темносива облека – изјави портпаролот на државната патрола во Вашингтон, Марк Френсис.

Засега нема индиции дека нападот е терористички акт, но сè уште не се познати мотивите.