Македонија Четворица пациенти починаа во едно деноноќие на Инфективното одделение во Штип

Четворица пациенти починаа во едно деноноќие на Инфективното одделение во Штип

Со потврдено присуство на корона вирус на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип во текот на вчерашниот ден починаа тројца пациенти: 52-годишен од Кочани, 68-годишен пациент од Радовиш и 71-годишен пациент од село Дедино, Општина Конче. Починат е уште еден пациент, кој е примен како суспектен.

Во Клиничката болница во Штип од ковид-19 се лекуваат 57 пацинети, од кои 20 се на кислородна поддршка.

Во текот на денешниот ден регистриран е уште еден починат пацинет, 50-годишна жена од Штип, чија состојба се влошила последните три дена. На клиниката „Жан Митрев“ завчера почина 53-годишен пацинет, за кого семејството со денови собираше пари за неговото лекување.

Во Штип со вчерашните 33 новозаболени, активни се вкупно 417 случаи.

Притисокот за прием на нови пацинети во Клиничката болница е постојан, а од минатата недела 10 кревети на Кожното одделение се наменети за пациенти со ковид.
Вчера пак, во Секторот за внатрешни работи Штип е регистриран случај на агресивно однесување врз лекарка и медицинскиот пероснал на Инфективното одделение од роднина на пациент.
„На 09.11.2020. во 16.25 часот во СВР Штип, вработен во Клиничката болница Штип, пријавил дека Х.Х. насилно сакал да влезе во Инфективното одделение и се однесувал агресивно кон медицинскиот персонал, а во 20 часот и лекарката која извршувала работни задачи на одделението пријавила дека околу 16.15 часот, Х.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се работи на комплетирање на случајот, по што против Х.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Штип.