Свет Четиристотини загинати и 600 исчезнати во поплавите во Сиера Леоне

Четиристотини загинати и 600 исчезнати во поплавите во Сиера Леоне

Поплавите во Сиера Леоне однесоа повеќе од 400 животи, а 600 лице се водат како исчезнати соопшти денеска Црвениот крст.

– Денеска броиме повеќе од 400 загинати, изјави во Женева Елхаџ Ал Си, претседател на здружението на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Властите повикаа да се евакуираат луѓето од планинските делови, каде се поради пукнатините е можна појава на лизгање на земјиштето.

Метеоролозите предвидуваат дека дождовите ќе продолжат и во следните денови.