Свет Балкан Четириесет жени од Косово се во екстремистички групи во Сирија и во...

Четириесет жени од Косово се во екстремистички групи во Сирија и во Ирак

Според податоци на Центарот за анализи на безбедноста во Приштина, 40 жени од Косово се членови на екстремистички групи во Ирак и во Сирија.

Центарот додава дека и 37 деца од Косово се во тие конфликтни зони.

Според пласираните податоци од косовската полиција, 316 жители на Косово се заминати да се борат во војната во Сирија, најголем дел во периодот 2013 -2014 година, а 117 се вратиле во Косово.