Свет Четири талибанци убиени при напад во Кабул

Четири талибанци убиени при напад во Кабул

Полицијата ги засили контролите во близина на објектите во кои се сместени странските работници

Четири талибанци синоќа се убиени за време на напад на станбен објект за странски работници во главниот авганистански град Кабул.

Еден напаѓач загина при активирање на експлозив во возило во близина на капијата на „Грин вилиџ“ во источниот дел на градот, додека останатите тројца екстремисти се убиени во размена на оган со полиција, соопшти полицискиот претставник Мохамед Захир.

Како што пренесува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Асошиејтед прес“, експлозијата се слушнала во цел Кабул, но нема повредени цивили ниту припадници на безбедносните жртви.