Свет Европа Четири лица уапсени за кражбата на накит во Монте Карло

Четири лица уапсени за кражбата на накит во Монте Карло

Француската полиција уапси четворица мажи поради сомневање дека ја ограбиле продавницата за накит „Картие“ во Монте Карло, а вратен е и поголем дел од украдениот накит.

Грабежот се случил вчера, сред бел ден, а веднаш по инцидентот, полицијата ги блокираше улиците и набргу уапси еден од осомничените кај кого пронашла дел од украдениот накит.
Крадците по грабежот подметнале пожар во тунелот кој се користи за трките на Формула 1, за да ѝ го одвлечат вниманието на полицијата.

Познатата продавница за накит „Картие“ беше еднаш ограбена во мај 2015 година, неколку дена пред почетокот на филмскиот фестивал во Кан.