Свет Европа Четири лица обвинети за тероризам во Белгија

Четири лица обвинети за тероризам во Белгија

Четворица од шесттемина мажи што во петокот беа уапсени во Брисел се обвинети за терористички дела.

Во групата е и клучниот осомничен  Мохамед Абрини, кој исто така беше баран во врска со нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица во ноември минатата година.

Тој пред обвинителството сам признал  дека е „човекот со шапка“, виден од видеонадзорот пред експлозиите на аеродромот во Брисел на 22 март.

Во нападите на аеродромот и на метро-станицата во Брисел загинаа  32 луѓе .

Покрај Абрини, другите обвинети се именувани како Осама К, Ерве Б.Н., и Билал Е.М. Тие се обвинети за учество во терористички акти поврзани со бомбашките напади во Брисел.