Хроника Четири бараки и две возила оштетени во пожар во Прилеп

Четири бараки и две возила оштетени во пожар во Прилеп

Ноќеска, околу 3 часот, во прилепската населба Варош избувнал пожар кој зафатил четири социјални бараки и два автомобила, паркирани во непосредна близина.

Според полициските информации, во пожарот нема настрадани и повредени лица. По интервенцијата на екипа на прилепската територијална против-пожарна единица пожарот е изгаснат.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот.