Свет Чад: 40 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад

Чад: 40 загинати и 50 повредени во самоубиствен напад

Најмалку 41 лице загинаа, а 50 се повредени во вчерашниот самоубиствен напад на пазар во градот Бага Сола, јавуваат светските медиуми.

Локалните власти, кои претпоставуваат дека зад нападот стои екстремистичката група Боко харам, соопштија дека меѓу загинатите се и петте бомбаши-самоубици – еден маж, две жени и две деца.

Боко харам, која изрази лојалност кон Исламска држава, ги интензивираше нападите откако нигерискиот претседател Мухамаду Бахури најави борба против екстремистичката организација.