Свет Свет Бунтовниците го заробија претседателот на Јемен

Бунтовниците го заробија претседателот на Јемен

Шиитските бунтовници го држат заробен претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади во неговиот дом во Сана, јавуваат странските медиуми.

Бунтовниците, според локалните медиуми, ги истерале членовите на обезбедувањето на претседателот и поставиле свои луѓе кои не му дозволуваат на Хади да го напушти домот, а под своја контрола го имаат премиерот Халед Бахах, како и шефот на кабинетот на претседателот, Ахмед Авад бен Мубарак, кого го киднапираа уште во саботата.