Свет Бунт во затвор во Канзас – затворениците се вооружени

Бунт во затвор во Канзас – затворениците се вооружени

Припадниците на повеќе американски безбедносни агенции и пожарникари се вклучени во задушување на бунтот и во гаснење на пожарот што затвореници го предизвикаа во затворот во местото Нортон во Канзас.

Локалните власти објавија дека „големиот бунт“ почнал околу 23 часот по локално време, дека горат зградите и дека затворениците успеале да дојдат до оружје.

Портпаролот на затворската служба на Канзас, Самир Ариф, потврди дека се испратени полицајци и пожарникари во затворот во кој се наоѓаат 835 затвореници.

Тој додаде дека не може да каже ништо во врска со случувањата во затворот, но дека засега нема повредени.