Свет Европа Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Бундестагот изгласа повлекување на германските трупи од базата Инџирлик

Германскиот парламент изгласа повлекување на своите трупи од воздушната база Инџирлик во Турција.

Поради новите тензии помеѓу Берлин и Анкара, трупите ќе бидат префрлени во Јордан.

Од 569 пратеници на Бундестагот, 461 гласале за префрлување на опремата и на војниците од Инџирлик во новата база во близина на Азрак, Јордан.