Свет Балкан Бугарската полиција уапсила стотина мигранти

Бугарската полиција уапсила стотина мигранти

Бугарската полиција во последните три дена на подрачјето на Софија уапсила стотина илегални мигранти без документи.

Полицијата денеска привела 25 мигранти, а во саботата открила седум деца, на возраст од една од три години, кои биле придружувани од двајца мажи и од три жени.

Бугарската полиција во последните месеци е соочена со голем прилив на мигранти, кои на нејзина територија илегално влегуваат од Турција.