Свет Балкан Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по судирите во бегалски камп на југот на Бугарија, во кој биле повредени и 14 полицајци, соопштија бугарски официјални претставници.

Според портпаролката на бугарската полиција, Нина Николова, во нередите учествувале околу 2.000 мигранти, кои скандирале, палеле гуми и фрлале камења кон полицијата.

Тензиите, како што пренесуваат локалните медиумите, ескалирале вчера, поради што полицијата употребила водени топови за да ги прекине насилствата.

Се очекува во текот на денот бугарскиот премиер Бојко Борисов да го посети бегалскиот камп каде се случија нередите.