Свет Балкан Бугарија од 1 октомври ќе започне да се снабдува со гас од...

Бугарија од 1 октомври ќе започне да се снабдува со гас од Азербејџан

Photo by Jerry Zhang on Unsplash

Бугарија планира да отпочне со снабдувањето со природен гас од Азербејџан од 1 октомври годинава, изјави денеска министерот за енергетика во службената влада Росен Христов, пренесува Бугарското национално радио. 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска организираше средба со изведувачот на новиот гасен интерконектор меѓу Бугарија и Грција, при што компанијата „Авакс“ ветила дека преостанатите градежни работи на интерконекторот ќе ги заврши до почетокот на септември годинава.

Според изјавата на министерот Христов, набавката на природен гас од руската компанија „Газпром“ ќе зависи од тоа колкави количества на гас ќе може да се обезбедат од гасниот интерконектор со Грција и од испораките на течен гас. Неопходните количества на гас за септември веќе биле обезбедени во Бугарија, додаде министерот Росен Христов.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, изјавил дека меѓународната гасоводна врска меѓу Бугарија и Грција не е било каков инфраструктурен проект, туку тој има и регионално и геополитичко значење.