Свет Бројот на загинатите во Непал се искачи на 3.700

Бројот на загинатите во Непал се искачи на 3.700

Бројот на загинатите во земјотресот во Непал, според денешните податоци, порасна на 3.700, а конечниот биланс на жртвите ќе зависи од состојбата во планинските села, до кои спасувачите се уште се обидуваат да стигнат.

Три хеликоптери се испратени во рамки на акцијата за спасување на 150 планинари кои во саботата останаа блокирано во два кампа на Монт Еверест. Лавина од ледени плочи и снег, предизвикана од земјотресот, ги отсече планинарите од базниот камп во подножјето.

– Пративме три хеликоптери да го доведат планинарите од камповите еден и два. Камповите се сигурни, но мора да ги урнеме затоа што дел од трасата е оштетена – рече шефот на туристичкиот сектор Тулс Гуатан.

Тој соопшти дека почетокот на сезоната на искачување ќе биде одложен.

– Можеби планинарењето годинава воопшто нема да биде продолжено, се зависи како ќе одлучат надлежните.