Свет Бројот на загинатите од земјотресот во Еквадор надмина 650 лица

Бројот на загинатите од земјотресот во Еквадор надмина 650 лица

Бројот на загинатите од земјотресот што минатата недела се случи во Еквадор се зголеми на 654 лица, а исчезнати се 58.

Владата соопшти дека 113 луѓе се најдени живи во урнатините, а повеќе од 25.000 луѓе и понатаму се наоѓаат во засолништа.

Земјотресот во Еквадор по бројот на жртвите е најсмртоносен во Јужна Америка од 1999 година, кога во Колумбија загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

Стотина последователни потреси се случија од минатата сабота во Еквадор, чии жители спијат надвор и се борат да дојдат до храна и до вода.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, изјави дека земјотресот предизвикал штета од три милијарди долари и дека обновата ќе трае со години.