Свет Балкан Бројот на загинати во пожарот достигна 76, прогласена тридневна жалост во Грција

Бројот на загинати во пожарот достигна 76, прогласена тридневна жалост во Грција

Бројот на жртви во пожарите во областа Атика се искачи на 76, но постои стравување дека ќе биде трицифрен, бидејќи е непозната бројката на исчезнати. Грчката влада вчера прогласи тридневна национална жалост.

Спасувачката акција продолжува со проверка на домовите и становите зафатени од пожарот, за евентуално да се откријат загинати или исчезнати граѓани. Волонтери, организации, граѓани, грчките општини, веќе започнаа хуманитарни акции за помош на настраданите.

Министерството за финансии одвои 20 милиони евра за потребите на општините и граѓаните што беа директно погодени, ќе се отвори специјална банкарска сметка за донации, додека пак за настраданите, предвидени се даночни олеснувања.