Свет Балкан Бројот на загинати во бомбашкиот напад во Анкара се искачи на 28...

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во Анкара се искачи на 28 лица

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во центарот на Анкара се искачи на 28, а бројот на повредени лица надминува 60.

Мехмет Киличер, градоначалникот на Анкара, рече дека експлозијата била намента за конвојот од воени возила што поминувал низ центарот на Анкара, во близина на парламентот, зградите на владата и на воените касарни.

Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, кој се движел во близина на конвојот од воени возила.

Претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган, свикал итен состанок за безбедноста со највисоките функционери во државата, а премиерот Ахмет Давутоглу го откажа своето патување во Брисел за да може да присуствува на состанокот.