Главна секција Бројката на загинати во автобуската несреќа се зголеми на 14, а шестмина...

Бројката на загинати во автобуската несреќа се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот

По завршување на синоќешната вонредна владина седница по повод тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, премиерот Зоран Заев соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот.

Телата на загинатите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините за несреќата продолжува и денеска.

Владата денеска и утре ги прогласи за денови на жалост, а општините Неготино и Демир Капија ги откажаа сите настани предвидени за прослава на „Св.Трифун“.

Граѓаните на Скопје се мобилизираа и на социјалните мрежи нудеа помош за роднините на загинатите и повредени патници, од кои, најголем број се од Гостивар. По тој повод, Општина Гостивар денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се донесе одлука за прогласување на тридневна жалост.