Македонија Бројот на заболени од ковид се намали на 281, денеска 44 нови...

Бројот на заболени од ковид се намали на 281, денеска 44 нови случаи

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Во изминативе 24 часа се регистрирани 44 нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 281, информира Министерството за здравство согласно на податоците од Институтот за јавно здравје.

Направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 32. Од вкупниот број на позитивни случаи (44), регистрирани се 13 реинфекции на ковид-19.

Во изминатово деноноќие регистриран e 81 оздравен пациент од ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Кавадарци (1) во домашни услови. Починатите лица се на возраст од 62 до 79 години и се регистрирани во периодот од 03.10 до 18.10.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.129 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.800, бројот на оздравени пациенти е 333.960, а на починати е 9.559.