Македонија Бројот на заболени од ковид-19 во земјава е 335, денеска 57 нови...

Бројот на заболени од ковид-19 во земјава е 335, денеска 57 нови случаи

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Бројот на заболени лица од ковид-19 во земјава е 335, а во изминатово деноноќие се регистрирани 57 нови случаи на ковид-19. Направени се 808 тестови, а најголем дел од регистрираните случаи, вкупно 38 на број, се од Скопје, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (57), денеска се регистрирани 15 реинфекции.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти во текот на изминатово деноноќие, како и едно починато лице од Струга (86г) во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, а бројот на починати лица е 9.554.