Свет Бројот на раселени во Ирак можно е да се зголеми за уште...

Бројот на раселени во Ирак можно е да се зголеми за уште еден милион луѓе

Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска соопшти дека речиси уште еден милион луѓе во Ирак можно е да ги напуштат своите домови поради борбите со милитантите на Исламска држава (ИД), особено во градот Мосул, јавуваат светските агенции.

Во Ирак веќе има околу три милиони раселени лица од почетокот на војната против ИД, која пред две години зазеде големи делови од Ирак.

„Меѓународниот комитет на Црвениот крст стравува дека околу еден милион лица можно е да ги напуштат своите домови во наредните недели или месеци“, било наведно во соопштението.

Ирачката војска во текот на минатата година ослободи поголем дел од областите што беа под контрола на ИД. Сепак, групата и понатаму ги има под своја контрола градот Мосул и поголемиот дел од Северен и од Западен Ирак, како и дел во соседна Сирија.