Македонија Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава се намали на под...

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава се намали на под 1.000

Фото: Мета.мк

По подолг период од почетокот на ковид-19 пандемијата, бројот на активни случаи во земјава падна под 1.000. Заклучно со денешниот ден, во земјава имало 826 активни случаи на ковид-19, додека во последниве 24 часа биле направени 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни случаи (18), регистрирана е 1 реинфекција.

Во текот на изминатово деноноќие не се регистрирани починати лица од ковид-19. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.

Во изминативе 24 часа регистриран e 231 оздравен пациент од ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 1.997.169 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, а бројот на починати лица е 9.262.