Македонија Бројот на активни случаи на ковид-19 се намали на 247, најмногу има...

Бројот на активни случаи на ковид-19 се намали на 247, најмногу има во Скопје

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Без починати пациенти од ковид-19 и со поголем број на оздравени од новозаболени лица помина викендов зад нас, во однос на состојбата со ширењето на корона вирусот во земјава. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во периодот од 28.10 до 30.10.2022 година биле направени 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на ковид-19.

Од вкупниот број позитивни случаи (71), регистрирани се 10 реинфекции со ковид-19.

Во изминативе три дена регистрирани сe 86 оздравени пациенти од ковид-19, а не се пријавени починати лица ниту во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин за изминатиов период.

Досега во земјава се направени вкупно 2.183.292 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.